Семејството на загинатата Фросина: Зошто нема снимки од семафорот кај сообраќајката?
Семејството на дваесетгодишната Фросина Цекова од Крива Паланка, која беше прегазена кај Универзална сала, има нови сомнежи околу истрагата и приведувањето на вистинскиот убиец на нивната ќерка.
Нов детал во истрагата ним им го зголеми сомнежот дека вистинскиот убиец е на улица.
Снимките кои му биле презентирани на таткото на Фросина од сообраќајката биле од претходниот семафор, а не од местото каде се случи несреќата. Па тој се прашува, зошто нема снимки од семафорот кај сообраќајката.
На претходниот разговор со Обвинителството, таткото на Фросина изјави дека верува дека биле бришени отпечатоци од воланот и дека некој друг управувал со возилото.
- Некој јак човек стои позади ова, изјави тогаш таткото на загинатата.
Фросина Цековска пред пет месеци загина кај Универзална сала, откако возило со огромна брзина ја прегази на пешачкиот премин на Партизанска, а возачот избегал од несреќата.
Слично
