Семејството на Тамара не верува на резултатите од обдукцијата
Семејството на Тамара, бара да се направи нова обдукција од независна лабараторија, со која ќе се утврди од што починала нивната ќерка, објави Телма.
Тие не веруваат на резултатите што вчера ги објави Државниот санитарен и здравствен инспекторат, според кои една од причините за смртта била бронхопневмонија.
Покрај тоа, резултатите беа објавени во јавноста, иако пред тоа адвокатот на семејството ги побарал, но одбиле да му ги дадат, вели мајката на Тамара.
„ Не е фер, немаат право да ги објавуваат тие резултати. Зошто ја направија таа обдукција и зошто јас немам право на тие резултати? Јас денес поднесувам барање за сето тоа да ми се достави, и на сите тие примероци земени од Тамара можно е да се прави повторна обдукција, бидејќи на овие навистина не им верувам“, рече Жаклина Димовска, мајка на Тамара
Резултатите од обдукцијата се пренесуваа во јавноста во изобличен облик, па низ медиумите протекуваа информации чија цел беше да се префрли вината кон родителите на девојчето.
Имено, порталот Здравство24, тврди дека директна причина за смртта на Тамара била само воспалението на респираторните органи.
,,Како што изјави професорот Горазд Росоклија од Универзитетот Колумбија во САД, за случајот не е виновна Владата, бидејќи дете со 50% пулмонален капацитет и со бронхопневмонија, морало да биде однесено од страна на родителите да се лекува, а не да се чува дома,”пренесува Здравство24.
Набрзо реагираа од Институтот за судска медицина, кои велат дека деталите од Извештајот на обдукцискиот наод се извадени од контекст.
Тие велат дека ја навеле бронхопнеумонијата која е непосредна причина за смрт, но, кој е условот и поводот што довел до оваа болест и до смрт, ќе биде предмет на понатамошната истрага.
Слично
