СЕМЕЈСТВОТО НА ЃОКОВИЌ ТВРДИ: Го однеле во соба и таму го испрашувале
Семејството на тенисерот Новак Ѓоковиќ е револтирано од тоа како го третираат Новак во Австралија.
Според нив, Новак не го прекрши законот. Дијана Ѓоковиќ, мајката на Новак Ѓоковиќ, едвај ги задржа солзите кога зборуваше за својот син. Таа рече дека Новак е жртвено јагне и дека нападот врз него бил политички, но му рекла да остане свој.
„Тој комуницирал преку Тениската федерација на Австралија. Дошле до исклучок со кој влегол во Австралија. Тој го имаше истиот документ како и повеќето тенисери кои се таму. Вознемирувањето може да се нарече дипломатски прекршок! Го однеле во соба и таму го испрашувале. Мобилниот телефон му бил одземен три и пол часа. Телефонот му бил вратен и потоа бил приведен. После тоа беше донесена одлука да не му се даде виза“, изјави Ѓорѓе Ѓоковиќ.
Голем број фанови се собраа пред хотелот „Парк“ во Мелбурн за да му дадат поддршка на Новак Ѓоковиќ.
Поради тензиите кои се создадоа откако на тенисерот не му беше доволен влез во Австралија и учество на „Австралија Опен“, а тој одлуката по неговата жалба ја чека во хотел, дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата, при што се приведени две лица.
Австралискиот суд ја одложи одлуката до понеделник, откако тенисерот поднесе жалба поради тоа што му беше укината визата за влез во Австралија.
На Ѓоковиќ синоќа му беше укината визата за влез во земјата со образложение дека не приложил доволно докази кои ќе го потврдат неговиот медицински исклучок од вакцинација против ковид-19. „Ројтерс“, пак, објави дека на тројца тенисери кои исто така имале медицински исклучок за вакцинација како Ѓоковиќ, им бил дозволен влез во Австралија.
Српскиот тенисер сега е во карантин во хотел во Мелбурн, каде ја чека одлуката од судот за жалбата која ја поднесе поради забранетиот влез во Австралија.
