ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕМЕЈСТВО ПЕЦОВСКИ СИ КУПИ НОВИ АКЦИИ - се намалува уделот на Настел во сопственичката структура

СЕМЕЈСТВО ПЕЦОВСКИ СИ КУПИ НОВИ АКЦИИ - се намалува уделот на Настел во сопственичката структура

Продолжува трендот на промени во акционерската структура на компанијата Реплек.

Согласно најновите објави на Македонска берза, Владимир Пецовски, брат на генералниот директор на „Реплек“, Душан Пецовски, се стекнал со нови акции од компанијата. 

Со ова продолжуа да се менува акционерската структура во Реплек, при што Владимир Пецовски го зголемува својот удел, додека компанијата „Настел“ го намалува сопственичкиот удел. 

Со последните трансакции, скоро и да е изедначен бројот на акции и процентите што се во нивна сопственост.

За промените, од Реплек информираат преку Македонска берза.

Акционер со над 5  отсто Пецовски Владимир се стекна со 11 нови акции, со што поседува вкупно 16.516 или 6,37 проценти од вкупниот број на акции.

Акционер со над 5 отсто односно компанијата Настел ДООЕЛ продаде 600 акции, со што поседува вкупно 16.601 или 6,4 проценти од вкупниот број на акции - се наведува во соопштението објавено на веб страната на „Македонска берза“. 

ad
Слично

Поврзани вести