Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕМЕЈСТВАТА НА УБИЕНИТЕ: Високи функционери се вмешани во Смилковско Езеро

СЕМЕЈСТВАТА НА УБИЕНИТЕ: Високи функционери се вмешани во Смилковско Езеро

Одлуката на Апелациониот суд, кој ја потврди казната доживотен затвор за шестмина од седумте обвинети за петкратното убиство кај Смилковското Езеро, со незадоволство ја примија семејствата на убиените момчиња.

Родителите сметаат дека случајот за монструозното убиство се уште е неразјаснат и дека за ваквата пресуда нема доволно докази. Тие се сомневаат дека високи функционери се вмешани во убиството на нивните деца.

Семејствата се жалат и на игнорантскиот однос на Специјалното јавно обвинителство. Тие уште пред еден месец побарале прием кај претседателката на Специјалното обвинителство Катица Јанева, но се уште не добиле одговор.

Родителите бараат Јанева да го преземе случајот „Монструм”. Oд специјалното обвинителство пак, соопштија дека откако ќе ги прегледаат новите прислушувани снимки што ќе ги добијат од СДСМ, ќе одлучат дали случајот ќе го земат во нивна надлежност.

Слично

Поврзани вести