СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ПОРАСТ: Дали законот за заштита од насилниците е спроведлив во праксата?
Законот за заштита од семејно насилство под лупа на невладиниот сектор. Клучна слабост во превенцијата и заштитата од семејното насилство според дел од невладините организации се постоечките институционални капацитети за грижа, поддршката и третманот од семејно насилство.
Иако со новиот закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство се заоструваат санкциите за насилниците кои вршат семејно насилство, за дел од невладиниот сектор остануваат отворени прашањата како истиот во целост ќе се спроведе во пракса. Новиот закон според нив, сериозно ги регулира казните, но не и третманот и последиците со кои ќе се соочат жртвите и нивните семејства, како и работата со насилниците.
Од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство во која членуваат 27 организации кои работат на оваа проблематика, уште пред да биде донесен законот укажале на последиците кои може да се појават како резултат на некои од одредбите. Според нив, привремената мерка за отстанување на сторителот од домот, без при тоа да се најде соодветно решение за него, каде ќе биде сместен, како ќе биде третиран, може да доведе до зголемување на ризикот по безбедноста на жената.
“Што значи тоа? Откако сторителот ке биде отстранет од домот, може да биде задржан во полициска станица неколку часа и потоа се пушта на слобода. Дали тој ќе се врати во домот и физички ќе ја нападне жената, во најлош случај ќе посегне по нејзиниот живот никој не може да предвиди и да превенира. Оваа години бевме сведоци на три убиства на жени од страна на нивните партнери. Дали овие жени пријавиле предходно, побарала помош од некоја институција незнаеме, но знаеме дека бесот на партнерот може да резултира со убиство. Па затоа и прашуваме - Колку убиства на жени треба да се случат за државата превземе посериозни мерки за заштита на жените жртви на насилство? Тоа се и нашите најголеми стравови - дека оваа мерка ќе допринесе за зголемен број на фемициди, а реакцијата и казните кои би следеле би биле задоцнети.”-вели Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Според неа, иако со таа мерка би била изречена и мерка за забрана за доближување и мерка за забрана на вршење на семејно насилство, сепак бесот и гневот дека е отстранет од сопствениот дом, кој може да надвладее кај сторителот во тој момент може да го поттикне на непромислени однесувања. Друг значаен момент, вели е прашањето при изрекување на оваа мерка со кого останува жртвата дома, доколку живее во проширено домаќинство, свекор и свекрва, и дали постојат информации дека и тие можеби се сторители или во најмала рака, поддржувачи на насилството?
“ Неможеме да ги занемариме искуствата кои покажале дека најчесто тие вршат психичко насилство врз жртвата. Ние како невладини организации посочивме дека го поддржуваме изрекувањето на привремената мерка отстанување на сторителот од домот, само доколку државата најде соодветно престојувалиште за него и веднаш почне со психосоцијалниот третман”-вели Димушевска.
Од Мрежата укажуваат на важноста од постоење на советувалишта не само од аспект на надминување на траумите кај жртвите и продолжување со секојдневното живееење, туку и од аспект на промена на насилното однесување кај сторителот во насока на неповторување на истото. Она што според нив загрижува е дека иако со овој закон е предвидено отварање на вакви сооветувалишта, сепак за реализирање на законот не се предвидени финансиски импликации, па прашуваат од каде ке се најдат средства за ова да се случи?
Кампањи за подигнување на јавната свест!
Она што недостасува во пракса според невладиниот сектор се кампањи за подигнување на јавната свест кои за нив се вистинска и потребна алатка да се поттикне одговорноста кај граѓаните да пријават семејно насилство, а не тоа да се решава преку казните. Од Националната мрежа дополнително реагираат и на високите казни кои се предвидени со новите законски решенија.
“За сторителот на семејно насилство се предвидени казни од 2.500 - 5.000 илјади евра, која казна ќе влијае врз семејниот буџет. Поточно, изрекувањето на мерките не е условено со развод на брак, па со самото тоа и изрекувањето на волку висока парична казна ќе значи значително намалени финансии за задоволување на егзистенцијалните потреби на семејните членови. Од друга страна, доколку се работи за сторител на семејно насилство кој има високи примања - самото плакање на казната ќе му овозжможи да го повтори насилството. Пораката која се праќа е „Ако имате пари, слободно тепајте си ги жените“-додава Елена Димушевска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.
Пријавиле семејно насилство, а потоа заработиле кривична пријава за лажно пријавување!
За семејното насилство како општествен и глобален проблем се зборува многу,но во земјава сеуште владеат стереотипите и предрасудите “што ќе речат соседите”, да не се прави срам на децата.Ова според дел од невладините честопати ги остава морално одговорните граѓани кои го пријавиле насилството кај соседите или роднините како единствени виновници во случајот.
“Казните кои се предвидени за граѓаните кои нема да пријават семејно насилство се сосема нелогични и неиздржани. Во ниеден случај државата не смее да си дозволи да ги казнува граѓаните кои нема да пријават семејно насилство, особено не ако земеме во предвид каква била праксата до сега - полицијата излегува на терен со задоцнување од час - час и половина, до тогаш ситуацијата се смирила, и казнет е граѓанинот за лажно пријавување. Дополнително нашето прашање е како ќе се докаже дека граѓанинот ,комшија, семеен пријател, роднина, бил свесен дека се случува семејно насилство?! “-додаваат од Националната мрежа за борба против семејно насилство.
Според Нена Смилевска –координатор на Националната SOS линија за жртви на семејно насилство во Организацијата на жени на град Скопје, статистиката покажува дека од 1994 до 2014 година имало вкупно 12 619 јавувања, и нивниот број секоја година рапидно расте. Ова вели, покажува дека има напредок во подигнувањето на јавната свест и потребата да се пријави насилството, но од друга страна податоците покажуваат дека има пораст на сите видови насилство, па покрај физичкото има зголемување на психолошкото, вербалното, економското и сексуалното насилство.
“Во земјава сеуште постои стравот и стереотипите кои под превезот на традицијата ги прават жените ранливи и зависни од нивните партнери. Ние работиме повеќе од дваесет години на оваа проблематика и радува што има жени кои се охрабруваат јавно со име и презиме да кажат и да го пријават насилството. Од друга страна реален проблем се капацитетите и недоволниот број на центри кои ќе ги сместат жените кои се жртви на семејно насилство. Особено акцент ставаме и на децата кои исто така често се жртви но и инструмент кој се користи за решавање на брачните проблеми помеѓу сопружниците” -вели Нена Смилевска од Националната SOS линија за жртви на семејно насилство.
Нивните статистики говорат дека најчести причини за насилството се нарушените семејни односи, економската зависност, љубомората и алкохолот. Во најголемиот број случаи жртвата лично го пријавувала насилникот, а насилник најчесто бил сопругот. Според податовите на SOS линијата најмногу насилство е забележано кај македонската, ромската и албанската националност.
Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство од ниеден аспект не предвидува подобрена заштитата на жртвите на семејно насилство, особено на жените жртви , ниту пак предвидува превенција на повисоко ниво во насока на спречување на идни насилства, велат од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување - Х.Е.Р.А.
Во земјава, најголем дел од жртвите на физичко насилство, дури 78 % се жени. Овој закон, според нив, не ги препознава девојките и жените како посебна категорија на граѓани особено ранливи на семејно насилство, ниту пак нуди мерки за заштита коишто се прилагодени за нив. Со новиот закон за сторителот се предвидува отстранување од домот без оглед на сопственоста, до донесување на конечна одлука од надлежниот суд, без да се понуди решение за справување со агресивното однесување на сторителот и намалување на ризиците по здравјето и животот на жртвите на семејното насилство.
Македонија е земја со висока стапка на семејно насилство и недостаток на сервиси за сторители, а во целата земја постои само еден сервис којшто работи на третман на сторители во градот Скопје- првиот семеен центар. Затоа велат, предвидената мерка за отстранување на сторителот од неговиот дом, не нуди решенија за регулирање на движењето на сторителите на насилството и нивни третман, со коишто ќе се избегнат ризиците поврзани со безбедноста на жртвите.
“Во првата година од своето работење семејниот центар понудил услуги на вкупно 127 лица, од кои 79 се жени, а останатите 48 се мажи. До сега Семејниот центар работел со 32 семејства, а индивидуално според категорија имало 52 жртви на семејно насилство, 17 сторители на семејно насилство, 30 малолетни деца, и 28 други членови на семејството кои учествувале во советувањето.Граѓаните кои доаѓаат во центарот не се само бројки туку се животни приказни кај кои е потребно да се интервенира за да можат да ја надминат состојбата во која се нашле и да го прекинат кругот на насилството”-велат од ХЕРА.
Што се однесува до казнените мерки кои се превидени со новиот закон за граѓаните кои нема да пријават насилството, од ХЕРА потенцираат дека се залагаат за стимулативни, а не за репресивни мерки, потоа за подигање на свеста на граѓаните за постоењето на семејното насилство, но во никој случај не смее да има казни, ниту за граѓаните, ниту за институциите или за невладиниот сектор. Казнените мерки во ваков случај, според нив се косат со Истанбулската Конвенција која Македонија ја има потпишано.
Новион закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство е креиран по австриски модел, а ќе почне да се применува од први јануари следната година. Според надлежните новото законско решение предвидува поголема правна и економска заштита на жртвите, побрза реакција на институциите и построги казни за насилниците чија цел е значително да се намали семејното насилство. Дополнително, Законот предвидува во детските градинки, основните и средните училишта и во вискообразованите институции да се организираат посебни воспитно-образовани програми за ненасилно однесување и учење на децата од најмала возраст да ги почитуваат разликите меѓу мажот и жената.

Слично