Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Само во 2015 година се убиени 4 жени

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: Само во 2015 година се убиени 4 жени
Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство го одбележа Меѓународниот ден насилство врз жените.Со крвави лица и транспаренти во рацете, група  активистки денеска на плоштадот Филип II во центарот на Скопје, го дигнаа гласот против насилството врз жените.

timthumb

Податоците покажуваат дека во ваков кошмар живеат многу жени во државата. На СОС линијата за борба против насилството  дневно понекогаш има и по десетина повици. Најмногу се јавувааат жени кои се жалат поради насилството кое го трпат од сопругот .

-Оваа година 2015 се случија уште четири убиства на жени. Минатата година бројката на овој ден беше 16 убиени жени во последните 6 години, и ако добро се сеќаваме сите , на 25 ноември медиумите јавија за уште едно трократно убиство. За една година имаме вкупно 7 жртви на семејно насилство. Бројот на обидите за убиство е уште поголема.  Сите овие убиства се извршени од членови на поблиското семејство, најчесто сегашни или бивши партнери. Во поголемиот дел од овие случаи постоело и веќе било пријавувано семејно насилство, велат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

1faf0484-794f-42de-95cc-450519eb04bc

Од Мрежата бараат да се ретификува Истанбулската Конвенција за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство како најсеопфатниот меѓународен договор во оваа област во кој насилството врз жените е препознаено Øи дефинирано како кршење на човековите права.

0600762a-a6ad-48f2-a3ea-012fbe79e237

   
Слично

Поврзани вести