Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семеен бизнис: Од дуќанче пред Втората светска војна, до едни од најголемите трговски ланци во светот

Семеен бизнис: Од дуќанче пред Втората светска војна, до едни од најголемите трговски ланци во светот

- Нашите основни принципи се тесна палета на производи и ниски цени, и тоа сигурно не може да се одвои -рече едно време за работењето на еден од најпознатите трговски дисконтни ланци во светот - Aldi, ко-основачот Карл Албрехт. Овие принципи сосема случајно станаа основа за бизнисот на синџирот, пишува The Guardian.

Името на синџирот всушност е акроним од зборовите Албрехт и Дисконт, кој првично беше само мала продавница зад аголот на улицата во Есен, Германија, во сопственост на Ана Албрехт. Таа беше помагана од нејзини синови, Карл и Тео, до почетокот на Втората светска војна, кога беа мобилизирани во армијата. Кога се вратија од војната во 1946 година, тие ја презедоа трговијата од својата мајка и ја проширија во синџир на мали продавници.

Но, поради недостатокот на капитал, овие продавници имаа многу ограничено снабдување со производи кои ги нудиа браќата Албрехт по ниски цени, што се покажа како рецепт за успех. Така, и покрај првичната намера да ја збогати понудата на нивните продавници, Карл и Тео одлучија за нова стратегија на компанијата. Веќе во 1953 година во Германија имаше десетина од овие продавници, а по 30 години работа се поделија на Aldi Süd и Aldi Nord. Имено, во 1960 година, браќата го разделија Aldi во овие два дела поради несогласување околу вклучувањето на цигарите во понудата на продавницата. Карл го презеде биснисот југозападно од Германија, САД, Велика Британија, Австралија и Источна Европа, додека Тео го презеде северниот дел, односно оној во Западна Германија и Западна и Јужна Европа. Денес, повеќе од десет илјади продавници на Aldi работат низ целиот свет, со просечна годишна заработка од околу 60 милијарди долари.

Според Business Insider, во Aldi од самиот почеток се нудат производи по ниски цени поставени врз дрвени палети, или како што тие самите се произведени и испорачани,. Информации за сопствениците на овие компании се исто толку ограничени како асортиманот на нивните продавници. Тоа отсекогаш било така, особено по киднапирањето на Тео Албрехт во 1971 година. Семејството целосно се повлече и никогаш не даде никакво интервју или каква било изјава. Всушност, она што е познато е дека семејството Албрехт тежи 38,8 милијарди долари.

Сепак, и покрај нивното богатство, тие беа непоправливи штедачи. Семејство не поседува викендици, приватни авиони, јахти или нешто слично, а Тео Албрехт, ги трошел моливите додека можеле да се држав во рака и секогаш бил облечен во евтини костуми. Тој почина во 2010 година, а Алди Норд, вреден 16,7 милијарди долари, го остави на своите два сина, Бертолд и Тео Џуниор.

Сопругата на Бертолд, Бабета, е единствениот член кој ги прекрши правилата на семејството во смислна на приватноста и скромноста. За време на нејзиниот брак потроши милиони долари за скапи автомобили и уметнички дела.

Карл Албрехт почина во 2014 година, или четири години по неговиот брат. Неговиот син и ќерка, Карл Џуниор. и Беате, го наследиле својот дел од богатството и моментално се на чело на компанијата. Строго се држат до приватноста.


Слично

Поврзани вести