Економија, финансии, бизнис

Контакт

Село во Србија во кое живеат луѓе од сите краеви на светот

Село во Србија во кое живеат луѓе од сите краеви на светот

Српското село Врмџа на планината Ртањ стана познато затоа што за 8 години се доселија луѓе од цела Србија и од други краеви на светот. 

Сега селото има 600 жители, а меѓу нив се еден Американец, Италијанец, жена од Швајцарија, луѓе од Ниш, Белград, Нови Сад, Суботица. 

Од 2008 година кога е продадена првата куќа, сега нови сопственици имаат 34 напуштени куќи и имоти. 

Старите жители на селото се добро наклонети кон новите жители, затоа што имаат и корист, а тоа е продажба на сирење и други производи, како и помош при градење или реновирање на куќи. 

Велат дека е направен обрт од повеќе од 5 милиони евра за  овој период за купување на материјали за градење на куќи. 


Слично

Поврзани вести