Економија, финансии, бизнис

Контакт

Село во соседството оди во карантин

Село во соседството оди во карантин

Откако се појавија заразени од коронавирусот, село  во Грција оди во карантин. 

Паника и страв има во ова населено место.  Ехинос во округот Ксанти, во северна Грција, денеска е ставено во строг карантин за период од една седмица. 

На мештаните им е забрането да ја напуштаат областа, а воведен е и 24-часовен полициски час.

73 случаи на позитивни  и четворица починати се евидентирани од 11 јуни. Како што објави грчката агенција АНА, ништо нема да работи, освен аптеките и супермаркетите, а носењето заштитни маски ќе биде задолжително во јавност.

Во земјата заразени се 3.200 луѓе, а 187 се починати од коронавирусот. 

Грција ги олесни мерките поради летната туристичка сезона. 

Веќе им стигнаа првите гости, но засега плажите се сепак полу празни. 

фото ЕПА

Слично

Поврзани вести