Економија, финансии, бизнис

Контакт

Селмани: Реформите во медиумите да се случат пред изборите

Селмани: Реформите во медиумите да се случат пред изборите
Избори без медиумски реформи однапред се осудени да бидат нефер и некредибилни, вели претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани. За блокирање на преговорите одговорна е владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ, затоа што не сака да се откаже од контролата над  МРТ и Агенцијата за медиуми, како и приватните медиуми, додава Селмани. „ВМРО-ДПМНЕ ги користи медиумите како средство за примитивна политичка пропаганда, за перење мозок на граѓаните и за пресметка со политичките противници. На ВМРО-ДПМНЕ не му сметаат мачките на посредникот Питер Ванхауте, објавени преку социјалните мрежи, туку неговите предлози, кои ако се имплементираат ќе ги ослободат медиумите од контролата на власта. Груевски не сака да се откаже од владините реклами, затоа што преку нив ги корумпира и контролира медиумите. Тој сега им ја крои програмската шема на приватните медиуми и ги застрашува со високи казни“ - изјави Селмани. Тој не ги амнестира од одговорност и другите партии, кои ги поддржаа предлозите на Ванхауте. ЗНМ заедно со сите други новинарски и медиумски организации, веќе од утре ќе спроведе конкретни активности. Целта е да извршат притисок за реформи во медиумите пред изборите.
Слично

Поврзани вести