Економија, финансии, бизнис

Контакт

Селмани повторно на чело на ЗНМ

Селмани повторно на чело на ЗНМ
Здружението на новинари денеска го одржа изборното Собрание на кое членовите од своите редови бираа претседател кој ќе ги води наредните четири години, членови на управниот одбор, на надзорниот одбор и членови на Советот на честа. За челната позиција на Здружението кандидирани беа досегашниот претседател Насер Селмани, новинар во дневниот весник „Вест“, и неговиот колега Семи Мехмети, уредник на порталот „Алмакос“. По изборот со 154 гласови здружението повторно му ја даде довербата на старо – новиот претседател Селмани, додека неговиот противкандидат Мехмети освои 22 глас. На денешното изборно Собрание, беше усвоена и „Декларација за Томислав Кежаровски“, со која се бара негово ослободување од вина. Кежароски во 2013 година беше обвинет за откривање на идентитет на заштитен сведок. „Нашата порака е јасна и недвосмислена, Кежаровски мора да биде слободен сега и веднаш! Бараме од Апелацискиот суд во Скопје, додека сè уште го чекаме неговиот финален збор, да ја донесе единствената одлука со која ќе ја задоволи правдата – да го ослободи од вина“, се вели во Декларацијата што ја усвои ЗНМ.        
Слично

Поврзани вести