Економија, финансии, бизнис

Контакт

Селмани: Ова е дно на неодговорното однесување на власта!

Селмани: Ова е дно на неодговорното однесување на власта!
Денеска на најбрутален начин обезбедувањето во Собранието не спречи да ги ја вршиме работата и да известуваме одовде, рече претседателот на ЗНМ, Насер Селмани кој на сила беше извлечен од Собранието. „Ова е дно на неодговорно однесување на власат во обид да се пресмета со медиумите“, рече Селмани и побара оние кои дадоа ваква наредвба за пресметка со новинарите,са смосат одговорност. Во меѓувреме и самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници побара итно да им се овозможи непречен пристап на колегите во Собранието за да можат да ги извршуваат своите професионални задачи. „Затворање на собраниска седница и насилно исфрлање  од страна на полицијата и обезбедувањето на новинарските екипи од вообичаените простории од каде се следат седниците на парламентот, значи нивно попречување на работата и нивниот професионален ангажман, а воедно значи забрана за вистинито и објективно информирање за настаните кои ја засегаат јавноста“, се вели во соопштението на новинарскиот синдикат. Работата на собраниските известувачи е нивна професионална обврска и задача и поради тоа ги повикуваме институциите да им овозможат на новинарите, снимателите и фоторепортерите да им овозможат да ја извршуваат својата работна задача. Исфрлањето  на новинарските екипи од парламентот во моментот кога таму се случува настан од интерес на јавноста  е досега непознат преседан за новинарската професија, смета синдикатот. Оттаму најавија и дека доколку на медиумите не им биде овозможено непречено да ја извршуваат својата работна задача, ССНМ ќе ги информира сите релевантни домашни и меѓународни организации за заштита на новинарите.
Слично

Поврзани вести