Економија, финансии, бизнис

Контакт

Селјак: Компаниите од регионот заеднички на странските пазари

Селјак: Компаниите од регионот заеднички на странските пазари
Компаниите од земјите на поранешна Југославија не би требало една на друга да гледаат како на конкурент туку заеднички да настапуваат на големите пазари, тврди генералниот директор на словенечката корпорација Хидриа, Исток Селјак. На самитот на 100 бизнис лидери од југоисточна Европа, Селјак нагласи дека компаниите од регионот треба да размислуваат на големо и така заеднички да го покренат регионот напред во правецот кој му припаѓа. - Развиени како што сме, секој за себе може да работи само проекти во својата земја, а заеднички можеме да бидеме рамноправен партнер на големите играчи на меѓународните пазари, рече Селјак кој е потпретседатле на регионалниот градежен конзорциум Феникс.    
Слично

Поврзани вести