Селата Клепач и Ерековци поврзани со нов асвалтен пат
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, во придружба со директорот на Агенцијата за млади и спорт денеска присуствуваше на отворањето на повеќенаменско игралиште во гимназијата „Мирле Ацев“ во Прилеп како и на пуштањето во употреба на нов асвалтен пат, долг 2,5 километри, кој ќе ги поврзува селата Клепач и Ерековци.
Министерот најави дека и во новата година Владата со несмален интензитет ќе работи на подобрување на локалните патни артерии кои, како што рече, се од особено значење за економскиот развој на селата.
Според Јанакиески градежна експанзија ќе има и во однос на спортската инфраструктура во државава на која Владата и придава огромно значење.
Во програмата на Владата предвидена е изградба на уште 75 локални патишта.
Слично
