Економија, финансии, бизнис

Контакт

Села се пожали на претходната власт во Струга, оставиле милионски долгови за ручеци по ресторани

Села се пожали на претходната власт во Струга, оставиле милионски долгови за ручеци по ресторани
Градоначалникот на Струга Зиадин Села обвини дека претходната градска власт и градоначалникот оставиле милионски долгови само за сметки во ресторани, посочи дека има бројни нерегуларности во работата на директорите на струшките училишта, а забележа и дека пред него во општината немало ниту еден шеф бидејќи претходниот градоначалник инсистирал тој да има магистратура на неговиот универзитет. Ваквите обвинувања Села ги изнесе за време на отчетот за сработеното во првите 100 дена од мандатот. „Сакам да кажам дека во изминативе осум години се функционирало за еден човек и за група луѓе околу него“, посочи Села. Тој рече дека е револтиран што централна власт не сака да ја потврди смената на директорите во училишта иако има незаконско работење. „Кај сите директори има криминал. Ги издавале спортските сали на вечер за рекреација без евиденција. Поради тоа сите се сменети, но централниот регистар не дава потписи на новите директори“, се пожали Села и најави дека ќе продолжи со разрешувањето на директорите за како што изјави, да се подобри состојбата во образованието во Струга. Отчетот Села го искористи за да се пофали дека во градот сега има двосмерна главна улица, чисти паркинзи, нов плочник во Чаршијата, но и комуналната хигиена која според него, никогаш не била подобра.
Слично

Поврзани вести