Села му побара оставка на Тачи
Заради неколкуте последователни порази на ДПА на изборите, лидерот Мендух Тачи треба да си поднесе оставка, смета струшкиот градоначалник Зијадин Села.
Села бара да се свика највисокиот орган на партијата, конгресот на ДПА и централното собрание, за да се дебатира околу резултатите на изборите за претседател и предвремените парламентарни избори.
Тој инсистира конгресот да дебатира и за тоа дали ДПА треба да учествува во следната влада. Огранокот на ДПА од Струга, кој предводен од Села се дистанцираше од Тачи непосредно пред изборите, побара објаснување од партискиот лидер за одлуката да се гласа во вториот круг на претседателските избори, иако кандидатот на ДПА не влегол во овој круг.
Слично
