Секретаријатот за Европски Прашања работи по балкански правила?!
Пресметки за придонеси според основица од странска а не од македонска
плата, непочитување на Законот за јавни набавки, бланко фактури за користење на
угостителски услуги, ова се дел од забелешките во новиот ревизорски извештај за
сметката на основниот буџет на Секретаријатот за европски прашања (СЕП).
Ревизорскиот извештај е спроведен за периодот 2015 година, а како одговорно лице е посочен тогашниот вицепремиер за европски прашања Фатмир Бесими.
Оваластениот ревизор констатира дека лани за четири вработени во СЕП, кои биле пратени во Брисел, за пресметка на придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување како основица била земена платата што ја земале во странство, а не основицата од македонската плата. По тој основ за овие четери вработени вработени биле уплатени придонеси во износ од скоро 59 илјади евра. Ревизорот посочува дека ваквиот начин на пресметка на придонесите не е во согласност со членот 4 од Уредбата за начинот и постапката за утврдување на плата, додатоци на плата и надоместоци на определни трошоци на Дипломатско конзуларните прествништва на РМ, со која е пропишано дека придонесите од плата да се пресметуваат во денари, пресметани на последната плата која вработениот ја добил пред упатување на работа во преставништвото. При тоа се посочува дека примената на оваа уредба е предвидена и во решенијата на вработените кои се упатувата на работа во во постојаната мисија на РМ при Европската унија во Брисел.
„Со увид во документацијта и пресметкта на плата на вработените во СЕП, ревизијата констатира дека во текот на 2015 година за четери вработени лица упатени на работа во постојаната мисија на РМ при Европскта унија во Брисел, пресметни се и уплатени 3.608.000 денари придонеси од плата.При пресметките на придонесите како основица е земена платата што вработените ја примале во странство.Наведеното укажува дека во СЕП пресметан и уплатен е повисок износ на придонесите за пензиско, здравствено и инвалидско осигурување и вработување за вработените упатени на раабота во постојаната мисија н РМ при ЕУ во Брисел“, стои во ревизорскиот извештај.
Ревизорот препорачува одговорното лице во СЕП да преземе мерки и активности пресметката од плата за вработените да се врши во соглсност со законските регулативи .
Како се користеле угостителски услуги?
Ревизорот во извештајот констатира дека на фактурите за користење на услуги во угостителски објекти, нема потписи од корисниците ниту пак од овластено лице. При тоа се наведува дека во СЕП за определување на видот, обемот,корисниците и начинот на користење на угостителските услуги во ресторанот и бифињата на Службата за општи и заеднички работи на Владата, сместени во владината зграда, како и во други угостителски објекти во земјава и во странство, се применува Решението за користиње на угостителски услуги што се плаќаат од Буџетот н СЕП, донесено во 2006 година.Не постои нов акт за користење на угостителските услуги.
„Во прилог на фактурите за користење на услугите во други угостителски објекти, не се приложени поединачни сметки и нема потпис од корисниците и овластеното лице за потврдувње на видот, обемот, датата и карактерот на службената потреба, како што е предвидено со Решението. Ваквата состојба не е во согласност со наведеното решение и одредбите од член 12 од Законот за сметководството на буџетите и буџетските корисници , согласно кој податоците во деловните книги мора да се засноваат на веродостојна сметководствена документација.Во текот на известувњето за извршената ревизија преземени се активности за донесување на нови процедури меѓу кои и нов акт за начинот на користење на угостителските услуги“, се наведува во извештајот.
Прекршен Законот за јавни набавки
Во однос на тендерите за јавни набавки, ревизорот констатирал дека во одлуките за спроведување на јавна набавка не се наведува видот и количината на набавката.Непочитувања за Законот за јавни набавки се забележани и по други основи.
„ Изјавите за непостоење на судир наа интереси се потпишуваат од страна нма инволвираните лица во постапката, а не од страна на целата комисија формирана со Одлуката за јавна набавка, што не е во согласност со член 62 став 2 од Законот за јавни набавки. Комисијата во извештаите од спроведените постапки наведува дека е извршена проверка на понудувачите за објавена негативна референца, без документиран доказ за извршената проверка“,стои во извештајот.
Ревизорот констатирал дека овие неправилности во текот на оваа година се надминати.
Ревизорите нотирале неправилности во однос на начинот на кој бил спроведен попис на основните средства, при што сметководствено не биле евидентирани дел од вишоците и од кусоците. Така констатирани се кусоци на опрема пред се телефони, при што биле испратени дописи до лицата на кои им била дадена опремата, истата да ја вратат.
Во извештајот се посочува дека не се добиени забелешки во однос на Нацрт извештајот на овластениот државен ревизор.
Т.С
