Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секоја втора фирма во Македонија со блокирана сметка

Секоја втора фирма во Македонија со блокирана сметка

Бројот на блокирани сметки на фирми и граѓани повторно бележи раст.  Новите податоци на Народна банка покажуваат дека бројот на блокирани сметки на домашни фирми на крајот на минатата година бил за 5,5 отсто поголем од 2014-та или за 3.154 сметки.

Па така, неликвидноста во бизнис секторот изразена во број на блокирани сметки на крајот на минатата година изнесувал 44, 524.

Неликвидноста од приватните фирми брзо се прелева и во банкарскиот сектор. Банките не можат да наплатат речиси половина милијарда евра одобрени кредити. Тоа значи дека 11,6% од сите кредити се спорни за наплата што е двојно повеќе од просекот на лоши кредити во Европа и дури четири пати повеќе од просекот во САД.

Тредот на зголемување на бројот на блокирани сметки продолжува да расте и кај граѓаните.

Во декември минатата година, граѓаните имале 180 445 сметки блокирани по основ на решенија за присилна наплата за досепан долг.

Од почетокот до крајот на годината,бројот на блокирани сметки кај граганите се зголемил за 34 106 а кај правните за 3154 или вкупниот борј на блокирани за 12 месеци е за 37 199 поголем.

Во 2015 год,од страна на УЈП за радиодифузна такса беа блокирани 27 000 сметки.

Слично

Поврзани вести