Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секоја ноќ ми праќаше иста порака, кобната вечер не ми одговараше: Девојката на Матеј прозборе по еден месец

Секоја ноќ ми праќаше иста порака, кобната вечер не ми одговараше: Девојката на Матеј прозборе по еден месец

Матеј Периш исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември минатата година.

Од клубот „Готик“ излегол во маица со кратки ракави и исчезнал во ноќта. Од тој момент, потрагата по него продолжува и решението на мистеријата за неговото исчезнување не е на повидок.

Полицијата вршеше претреси со најсовремени технологии, прегледани сите камери, прегледани сите сведоци, претресено е коритото, но сите овие напори на полицијата на Србија и Хрватска, како и на другите служби, не дадоа никаков резултат. Исто како да пропаднал во земја.

Еден месец подоцна, за ноќта на неговото исчезнување проговори и Сања, девојката со која се забавуваше.

– Немаше никакви проблеми меѓу нас – изјавила таа за медиумите во регионот.

- Бев на работа таа вечер и телефонот ми се исклучи. Дојдов дома околу полноќ, му одговорив на пораката и си легнав. Кога се разбудив наутро видов дека не ми ја испратил вообичаената порака за добра ноќ што ќе ми ја праќа секогаш кога ќе се вратеше од градот. Му испратив порака дали е се во ред, но тој не ми одговори - објаснила Сања.

- Бев загрижена кога не ми одговори ниту на пораката што му ја испратив околу два попладне. Си помислив „Нема шанси да спие толку многу“ и им се јавив на другарите. Беа настрана, ми рекоа дека го нема. Дека го напуштил клубот без јакна и не се вратил. Рекоа дека немаат поим што се случило и зошто го направил тоа - ги откри деталите Сања.

Потоа таа додаде:

- Многу ме погодуваат приказните за тоа како користел дрога. Во текот на целото време на нашата врска, никогаш не го видов, ниту пак слушнав да направи нешто такво.

Мистеријата за исчезнувањето на Матеј Периш сѐ уште трае, а едно од главните прашања е зошто неговите пријатели чекале 18 часа за да го пријават неговото исчезнување.


Слично

Поврзани вести