Секоја недела по еден работник го губи животот во Македонија
Во Македонија секоја недела по еден работник гине на работното место, покажува статистиката на граѓанската организација за заштита и здравје при работа.
Според ваквата црна статистика, најкритични сектори се земјоделството и градежништвото.
Истражувањето покажува и дека вработените во малите претпријатија имаат најмала информираност за нивните права на работното место, а голем дел од нив не ни чуле за проценка на ризик на работното место.
Според Драгослав Томовиќ од Здружението за здравје и безбедност на работно место од Србија, со овој проблем се соочуваат и земјите од регионот.
- ,, 50 отсто од ваквите случаеви, се во градежништвото и завршуваат со тешки повреди или смрт. Најризични се хемиската индустрија и работата со пестициди, но на прво место е градежништвото“, вели Томовиќ.
Според експертите, за да се промени ваквата состојба, пресудно е да се засилат контролите и да се заострат казните за целосна примена и почитување на Законот за работни односи.
Слично
