Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секоја година ќе „голтаме“ се повеќе енергија!

Секоја година ќе „голтаме“ се повеќе енергија!
Потрошувачката на енергија во Македонија годишно ќе се зголемува во просек за 2,5% се до 2019 година,открива Енергетскиот биланс за следните пет години. Земјава останува целосно зависна од увозот на нафта и нафтени деривати. Се увезуваат и 30% од потребните количества на електрична енергија. Постојано се намалуваат и количествата на јаглен, така што може да се очекува зголемување на увозот и на овој енергенс. „Дури и да се најдат нови наоѓалишта, тие би биле на поголеми длабочини од каде што експлоатацијата би била потешка и поскапа, па затоа количините од странство се единствен спас за продолжување на векот на термоелектраните и задржување на вработените“, се заклучува во Енергетскиот биланс. Само годинава, Македонија потрошила вкупно 74.759 тераџули енергија од сите видови на енергенси, а за следната година се предвидува да се потрошат 79.408 тераџули. „Во 2014 година во Македонија потрошила исто вкупна енергија како и во 2013 година, но по структурата потрошената количина на енергија е различна кај разните типови на енергенси. Има покачување од 9,4 отсто во потрошувачката на лигнитот и јагленот, кај природниот гас 6,4 отсто, кај геотермалната енергија за 6,2 отсто и кај огревното дрво за 1,4 отсто“, вели претседателот на МЕА Кочо Анѓушев. За сметка на ова регистрирана е помала потрошувачка на електрична енергија од 11,4 отсто, кокс 7,6 отсто и сурова нафта и нафтени деривати 0,8 отсто. Помалата потршувачка на струја се објаснува со тоа што поголем дел од домаќинствата користат огревно дрво или гас, а и со променета структура на индустријата која троши помалку. Енергетскиот биланс е документ со кој се планира потрошувачката на сите енергенси како што се електрична енергија, природен гас, нафта и нафтени деривати, јаглен, геотермална енергија, огревно дрво и слично.
Слично

Поврзани вести