Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секој втор Европеец плаќа преку мобилен

Секој втор Европеец плаќа преку мобилен

Секој втор Европеец плаќа со мобилен,  покажува истражувањето на една од водечките технолошки компании за електронски плаќања. 

Според извештајот 54% од испитаниците редовно ги користат своите телефони за плаќање на стоки и услуги. За споредба една година порано луѓето кои ги користат овие технологии биле 18%. Само пред една година 38% од анкетираните европски граѓани рекле дека никогаш не користеле мобилен уред за плаќање, додека оваа година тој удел паѓа на само 12%. Истражувањето е спроведено во периодот август - септември, меѓу повеќе од 36.000 лица во 19 земји од Европа.

За плаќање сметки телефонот го користат 53% од граѓаните на Европа.  На второ место е купување на билет за автобус и воз, а на трето место е земањето на стока со висока вредност за празници, мебел и друго. Последните работи кои најчесто ги плаќаат преку телефон се храна за дома, музички цедеа, ТВ емисии и филмови. 



Слично

Поврзани вести