Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секој Црногорец заштедил во просек по 1800 евра

Секој Црногорец заштедил во просек по 1800 евра

Расте бројот на Црногорците што штедат во банките. Вкупната заштеда на граѓаните надминала една милијарда евра. Во просек секој граѓанин има околу 1.800 евра заштеда, се наведува во соопштението на Централната банка на Црна Гора.

Сепак состојбата во државата не е розова, бидејќи граѓаните на Црна Гора им се должни на банките врз основа на кредити, кредитни картички и минуси на сметките околу 820 милиони евра, што значи дека просечно секој жител на оваа држава е задолжен 1.300 евра, односно секој кредитно задолжен државјанин пак во Црна Гора е должен 7.500 евра, информираат од Централната банка.

Според податоците, кон крајот од минатата година неплатениот долг се зголемил 70 отсто во однос на една година претходно, а посебно загрижува фактот дека каматите на некои видови кредити надминуваат 20 проценти.

Слично

Поврзани вести