Секој трет заразен не знае дека има ХИВ
Со ХИВ вирус во светот живеат околу 35 милиони луѓе, што е за петтина повеќе отколку пред 10 години, предупредуваат експерти на Светскиот ден на борба против сидата.
Се проценува дека во Европа два и пол милиони луѓе живеат со тој вирус, но дека секој трет заразен не знае дека има ХИВ. Бројот на заболени расте и во Македониија.
Првите случаи на ХИВ инфекцијата во светот се регистрирани во 1981 година, а кај нас првиот заболен е регистриран во 1987 година. Тогаш научницте не помислувале колку за оваа болест ќе биде тешко да се најде лек. Излекувањето и денес не е можно, но, благодарение на соверемената терапија ХИВ стана болест со која се живее.
Годинава 28 лица заболеле од ХИВ, додека вкупниот број на луѓе кои боледуваат од оваа болест се евидентирани 270 случаи.
ХИВ се пренесува со незаштитен сексуален однос, преку заразена крв и од инфицирана мајка на дете.
Не се пренесува со допир, прегратка, кашлање или кивање. Превентива се заштитени сексуални односи, а ако се сомневате дека ризично сте се однесувале, тестирајте се.
