Секој трет тестиран Црногорец е позитивен на корона
Во Црна Гора секој трет тестиран е позитивен на коронавирус. Учеството на позитивните во вкупниот број на тестирани е 33,93 отсто.
Денес има 996 нови случаи од 2.844 тестирања, објави Институтот за јавно здравје. За 24 часа починале шест лица. Откако почна пандемијата од коронавирусот починаа 2.513. Активни се 9.580 случаи, а вкупниот број на регистрирани случаи на заразени досега бил 213.140. Откако почна пандемијата, имаше периоди кога Црна Гора беше земја без корона, но тоа е промени.
Во Словенија денес дури 75 отсто од тестираните биле позитивни на вирусот.
Слично
