Секој трет ден нова кражба во домови на скопјани
Нова кражба се случи денеска во стан во населбата Капиштец во Скопје. Крадец насилно влегол во станот на улицата „Васил Ѓоргов” и украл злато и оружје во вредност од 300 000 денари.
Тој со себе понел златен накит и два пиштоли „Застава” и „Бровинг” и избегал.
Ова е трета кражба во скопските станови во последните десет неда.
И во другите два случаи беше истиот тип на кражба, со насилно провалување во станови.
Во едниот случај, крадецот украде 25 илјади евра, а во вториот скоро 10 илјади евра.
Слично
