Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секој месец ново мито, стратегија на Мишковиќ за дружба со политичарите

Секој месец ново мито, стратегија на Мишковиќ за дружба со политичарите
Од 30 до 50 илјади евра мито месечно земале одредени политичари од неодамна уапсениот Мирослав Мишковиќ, ова за српските медиуми го изјавил српскиот вицепремиер Александар Вучиќ. Тој не ги открил имињата на политичарите, но потенцирал дека власта веќе подолго време е запознаена со случајот,  најавил дека истрагата допрва ќе ги обезбедувала доказите. 30 - дневен притвор им одреди Обвинителството во Белград на сопственикот на „Делта холдингот” Мирослав Мишковиќ, неговиот син Марко, како и на Миле Ѓурашковиќ и на уште четворица нивни соработници, додека тројца се пуштени да се бранат од слобода. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба, извлекување пари и имот од приватизирани компании за патишта, со што Мишковиќ и Ѓурашковиќ се здобиле со повеќе од 30 милиони евра.  Пред истражниот судија сите се  осомничени се изјасниле за невини.
Слично

Поврзани вести