Секој лекар ќе мора на пракса во странство!
Во следните две години нема да остане лекар во Македонија кој нема да помине обука или специјализација во некоја странска болница. Ова е планот на министерот за здравство Никола Тодоров, кој има намера сите лекари без исклучок да поминат обука во страбство.
„Идејата е да немаме доктор во Македонија во период од веројатно наредните две години којшто не бил на сериозна едукација во странство, и не само доктор туку и останат медицински персонал, нормално со најголем фокус на докторите“, вели Тодоров.
Медицинскиот персонал во странство ќе се обучува за нови методи, кои ќе треба да ги воведат во домашните здравствени установи по враќањето. Веќе од следната година, ќе се удвои годишниот просек на доктори кои се обучуваат во странство, од 500 на 1000 обуки - 800 од нив се резервирани за доктори, а останатите 200 за медицински сестри и болничари.
Тодоров потпиша договор со белгиски центар со седум универзитетски болници. Таму македонските лекари и останатиот медицински персонал ќе учат нова метода која треба да го скрати периодот на рехабилитација за пацинетите со кардиолошки интервенции од 80 на 20 дена. Во замена, белгиски лекари ќе доаѓаат во Македонија на пракса, за да ги имплементираат нивните методи директно во македонските болници.
Слично
