Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секој Германец во готово или дома во сеф има над 1.000 евра

Секој Германец во готово или дома во сеф има над 1.000 евра

Германците сепак чуваат пари под перница. 

Луѓето во Германија во просек чуваат повеќе од 1.000 евра во готово дома или во сеф.

Тие користат  банкноти и монети и покрај системите за дигитални плаќања.

Истражувањето на Бундесбанк покажува дека Германците во своите паричници имаат во просек 107 евра, а 1.364 евра во готовина дома или во сефови.

„Поголемиот дел од населението чува готовина од оправдани причини, а не заради затајување данок“, изјави член на одборот на Бундесбанк, Јоханес Берман.

Истражувањето направено со  2.000 лица во 2018 година, чии резултати сега се објавени, не покажува дали однесувањето на луѓето се сменило поради пандемијата. 

Во многу земји, како што покажа истражувањето на Евростат, луѓето помалку трошеле и штеделе во времето на пандемијата. 

Слично

Поврзани вести