СЕКОЈ ДЕН ГРАЃАНИ „ПИШТАТ“ ОД ИЗВРШУВАЊЕ, СЕ ЖАЛАТ НА НЕРЕАЛНО ВИСОКИ ПОБАРУВАЊА - активистката Глигорова повика да се крене јавно гласот против „тираните“
Активистката за заштита на човековите права, Ана Глигорова, повторно преку фејсбук се јави со реакција дека бројни граѓани од земјава буквално секој ден и се жалат на извршување и на нереално високи сум повлечени од нивните сметки.
Таа објаснува дека постојано им дава индивидуални совети, но дека е време да се крене гласот протиов оваа, како што ја нарекува во својот пост на фејсбук, тиранија.
„Секојдневно примам пораки од граѓани на кои им се извршува, ми се жалат на нереално високи побарувања, не можам да постигнам од давање индивидуални совети на секој посебно. Стотина илјади се лично засегнати од чумата на крадење од сметка, блокирана сметка, бесправно одземен имот. Да го дигнеме јавно гласот против тираните, не може под тепих да ги криеме личните проблеми поради стравот од чаршијата. Доста е!“, напиша активистката Ана Глигорова на својот фејсбук профил.
