Секој четврти Бугарин е потенцијален емигрант
Ако овој процес продолжи, земјата може да се соочи со недостиг на работна сила.
Секој четврти Бугарин е потенцијален емигрант, покажуваат заклучоците од извештајот на Институтот за економски истражувања. Околу 14% од активното население во земјата се размислува дали може да најде подобра реализација надвор Бугарија. Причината е повеќе од јасна, ниски плати и мали можности за реализација.
Според податоците на Евростат, во 2001 година Бугарите земале 19 пати помали плати од оние во Унијата. Во 2014 година тие се само 6 пати пониски од европските.
Експертите на БАН тврдат дека трајната емиграција е околу 1 милион луѓе, а чувството дека има повеќе иселеници е поради сезонците.
Парите испратени во Бугарија од сонародниците се 1,3 милијарди евра. Минимален дел од нив одат за развој на сопствен бизнис. Поголемиот дел се за издржување на нивните семејства.
Заклучоците на БАН се дека во следните 10 години економијата на земјата ќе биде на испит поради недостаток на работна сила.
