Секој четврт Македонец е зависник на диазепам
Граѓаните на Македонија масовно пијат лекови за смирување, шеќер и притисок, покажуваат податоците на Фондот за здравство.
Според нив, за шест месеци биле реализирани 10,5 милиони рецепти. Од нив скоро 900 илјади биле за притисок и срце, а над 500 илјади биле диазепами.
Анализата покажува дека според потрошувачката на лекови, граѓаните најмногу користат лекови за срце, за кои оваа година се распродадени половина милиони рецепти.
Од Фондот најавија дека ќе ја зголемат снабденоста со лекови и ќе почнат кампањи за рационално користење на лековите за смирување.
Слично
