Секое семејство во Македонија на банките им должи по 2800 евра!
Расте задолженоста на граѓаните по основ на потрошувачки кредити и кредитни картички. Заклучно со октомври кредитната изложеност по основ на потрошувачките, најатрактивни кредити надмина половина милијарда евра. Најновите податоци на Народната Банка покажуваат дека вкупната вредност на кредити изнесува 3,5 милијарди евра. Во однос на септември е забележано намалување на салдото на кредитите во странска валута додека кај денарските е регистриран пораст. Домаќинствата на банките должат 1,4 милијарди евра. Тренд на континуирано задолжување е регистриран кај локалната самоуправа. Салдото на кредитната задолженост достигнува 400 милиони денари или повеќе од 6 милиони евра.
Најголемиот долг на граѓаните кон банките е по основ на потрошувачки кредити.
Долг на физичките лица по основ на кредитиПотрошувачки кредити 518 милиони евраСтанбени кредити 314 милиони евраКредитни картички 198 милиони евраАвтомобилски кредити 33 милиони евраОсвен за ова, како задолженост на граѓаните се сметаат и негативните слада на тековните сметки и спорните и сомнителни побарувања.
НБМ регистрираше и пораст на депозитната база. Заклучно со октомври вкупните депозити кај банките изнесуваат близу 3,9 милијарди евра и во однос на септември е региистриран пораст од 34 милиони евра, при што раст има и кај депозитите во денари и депозитите во странска валута.Од вкупната депозитна база речси 2,8 милијарди евра се штедни влогови на граѓаните, додека 900 милиони евра се депозити на приватниот сектор. Д.А.
Слично
