Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секое четврто српско семејство е сиромашно

Секое четврто српско семејство е сиромашно

Секое четврто семејство во Србија не може да си приушти месни производи за ручек, а секое второ семејство нема 100 евра за непланиран трошок.

Ова го покажа анкетата за сиромаштија во 2015 година,  на Државниот завод за статистика во Србија. Околу 1.7 милиони домаќинства или 68.5% немаат пари за одмор од недела дена, со што се покажува дека тешко ќе ги користат ваучерите од 5.000 динари кои ги дава Министерството за трговија и туризам за одмор во земјата.

Алармантно е што 15% од граѓаните се смрзнуваат во зима, затоа што немаат пари за нормално греење. Под границите на пристоен живот се 40.9% од српските граѓани.

Лани месечно семејствата оделе во минус со по 1.238 динари, затоа што во домашниот буџет имале 57.814 динари, што не е доволно. Околу 35.6% од парите во домашниот буџет одат за храна и безалкохолни пијалоци.

Слично

Поврзани вести