Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секаде на Балканот политичарите се три пати побогати од граѓаните, кај нив се осум пати

Секаде на Балканот политичарите се три пати побогати од граѓаните, кај нив се осум пати

Додека платите на парламентарците во земјите на ЕУ изнесуваат најмногу три просечни лични примања, БИХ е сосема поинаква. Никаде во Европа политичарите не заработуваат осум пати повеќе од своите граѓани освен во Босна и Херцеговина.

Додека Хрватска, Словенија и Србија и другите земји се вклопуваат во принципот политичарите да добиваат месечен приход најмногу до три просечни лати во земјата, тоа не е случај со земјата која далеку отскокнува во однос на европскиот стандард.

Ако се земе предвид дека просечната плата на почетокот на оваа година во Република Српска е 887 конвертибилни марки, а во федеративниот дел е 924 КМ, политичките службеници не треба да добиваат повеќе од 2.700 конвертибилни марки, што не е случај во БиХ, пренесува Танјуг.

Речиси 20.000 КМ се распределуваат на членовите на претседателството месечно, додека државните парламентарци добиваат меѓу 4.800 и 6.500 КМ. Според ова експертите заклучиле дека "нема сиромашен народ со толку богати политичари".

Оваа бројка е секако поголема ако се додаде паушалот, надомест за одвоен живот,  надоместокот за сместување, превоз и храна. Истражувањето спроведено од "ГЕА" покажа дека политиката на БиХ е многу повеќе профитабилна отколку во Европа, и дека парите често влијаат врз мотивите на влегување во политиката. Ова е потврдено и со фактот дека БиХ со повеќе од 150 политички субјекти е на врвот на бројот на воспоставените политички партии во Европа.


Слично

Поврзани вести