Економија, финансии, бизнис

Контакт

Секаде има помалку нафта поради Русија: Возете побавно и делете го превозот

Секаде има помалку нафта поради Русија: Возете побавно и делете го превозот

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ги повика денеска потрошувачите да патуваат помалку, да го делат превозот и да возат побавно, како дел од планот од 10 точки за намалување на потрошувачката на нафта, бидејќи рускиот напад врз Украина ги продлабочи проблемите со снабдувањето со енергија.

Планот на оваа организација, со седиште во Париз, зад која стојат 31 индустријализирана земја, без Русија, ја нагласува потребата од итно решение на кризата со снабдување предизвикана од санкциите, што доведе до поскапување на горивата.

Препораките, кои вклучуваат поголемо ограничување на брзината на движење на возилата, работа од дома, воведување на т.н. денови без автомобили во градовите, поевтин јавен превоз и користењето на еден автомобил за превоз на повеќе луѓе (удел на возење), би можеле да ја намалат побарувачката на нафта за 2,7 милиони барели дневно во рок од четири месеци, проценува ИЕА.

Во светло на потенцијалниот неуспех да се намали побарувачката на нафта, многу земји-членки на оваа агенција, како и други земји, воведоа или размислуваат за субвенции за електрична енергија и гориво.

Во ноември, агенцијата процени дека субвенциите за фосилни горива се зголемија во 2021 година со највисока годишна стапка досега, на 440 милијарди долари, бидејќи владите ширум светот се обидоа да ги заштитат потрошувачите од зголемените цени, поттикнувајќи ја потрошувачката и загадувањето.

ИЕА ги повика владите да ги усвојат предложените измени како трајно решение, не само од економски причини, туку и за борба против климатските промени.


Слично

Поврзани вести