Сега се посиромашни од 2004 година и се против еврото
И Италија се врти против еврото.
Ризикот Италија да го напушти монетарниот не е непосреден, но не е и невозможно да се замисли.
Италијанското движење „Пет ѕвезди“, кое сака да иницира референдум за откажување од еврото, се здобива со популарност во анкетите во последно време, откако се качува на третото место во мартовската анкета на „Кориере дела сера“. Партијата „Северна лига“, која е настроена против Европската унија (ЕУ), зеде уште околу 12%, а има и други.
Всушност сепак заминувањето на еврозоната би зависело од тоа дали италијанските гласачи ќе одлучат дека 15 години единство биле добро или пак лошо за нив. Нови анализи тежат кон втората опција.
Најголемата егзистенцијална закана во еврозоната може веќе да не доаѓа главно од мали земји како Грција и Португалија, кои ја влечат надолу, туку од изгледите дека третата по големина економија – Италија, би можела да го напушти бродот, пишува во својата анализа за Ројтерс, Џереми Гонт.
Два економски извештаи изготвени неодамна, покажуваат какво е значењето на еврото за Италијанците и зошто анкетите покажуваат дека тие веќе не се воодушевени. Според едното истражување, тие се посиромашни заради тоа што се дел од монетарната унија, а според другото, тие продолжуваат да заостануваат од жителите на главниот трговски партнер – Германија.
Декемвриски извештај на Еуростат, статистичката служба на ЕУ, разгледува БДП по глава на жител – економијата, поделена во однос на населението, во однос на куповната сила помеѓу 2004 и 2015 година.
Претпоставувајќи ниво од 100 вкупно за ЕУ, највлијателната Германија се искачи од 120 на 124 за овој период. Само што Италија е потоната од 110 до 96 место. Тоа ја рангира Италија поблиску до новите економии во блокот, како Чешка, Словачка и Словенија, отколку до Германија. Франција е речиси без промена на ниво 106.
Во зависност од она што можат да го купат, Италијанците се посиромашни отколку што беа во 2004 година.
