СЕГА Е ЈАСНО: Брегзит ќе удри по банките-и тоа многу силно!
Одлуката на Британија да излезе од Европската унија веројатно ќе ги скрати приходите на глобалните инвестициони банки за околу осум милијарди долари.
Исто така, ќе ги натера и осигурувачките куќи да излезат од некои бизниси, според извештајот на Бостон консалтинг групата (BCG).
Приходите од спојувањата и аквизацијата (M&A), продажбата на обврзници и тргувања со хартии од вредност, според прогнозите на BCG-a, веројатно ќе паднат на околу 204 милијарди долари во 2016 година од 228 милијарди долари до 2015 година, пренесува Блумберг.
Се работи за ревизија на претходно прогнозирани овогодишни приходи од 212 милијарди долари, која следи поради директните последици на Брегзит и неговиот потенцијал приходите од M&A од европскиот регион да ги скрати за дури 60 отсто.
Брегзит, како што наведува групата BCG, го турна глобалниот бизнис во мрачна зона, загрозувајќи ги плановите на компаниите за раст или превземање на други фирми.
„За некои банки, Брегзит ќе го забрза нивното повлекување. Брегзит веројатно ќе ги погоди краткорочните перспективи на приходите низ пазарните шокови и загуби на бизнис довербата, но и перспективите на долгорочните приходи“, соопштија авторите на извештајот.
