ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕГА 20 ОТСТО ОД РАБОТНИЦИТЕ СЕ СТРАНЦИ: Албанија планира да донесе 40.000 работници од други земји

СЕГА 20 ОТСТО ОД РАБОТНИЦИТЕ СЕ СТРАНЦИ: Албанија планира да донесе 40.000 работници од други земји

Во Албанија 20 отсто од работниците се странци, ги има од Индија до Филипините. 

Гертиола Хоџа, директорка на Агенцијата за вработување потврдува дека 20 отсто од работниците се странци и најавува дека се подготвуваат измени во законот за странци, за да ги олесни правата на имигрантите, како и нивната заштита, пристапот до информации, пазарот на трудот итн. Според неа Владата планира да донесе 40 илјади странци на работа во Албанија.

Албанија во последните неколку години, се соочува со недостиг на работна сила во речиси сите сектори, поради миграцијата на работоспособната популација, поради што се побројни се странците кои ги пополнуваат работните места.

„Од брегот на Саранда, централниот па се до северниот дел на земјата албанскиот јазик со странски акцент се слуша сè повеќе бидејќи странци се вработени во многу бизниси. Нивниот број е 20 отсто од бројот на вработените, кои тука заработуваат а се дојдени од Филипини, Уганда, Мјанмар… но и од Италија, Косово, Македонија“, објавија албанските медиуми.

Во изјавите тие велат дека се среќни, добиваат добри плати, не плаќаат кирија, храната им ја обезбедува претприемачот и секој месец испраќаат пари дома.

foto Gary Bembridge

ad
Слично

Поврзани вести