Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕФ: Македонија 73-та на скалата на конкурентни економии во светот

СЕФ: Македонија 73-та на скалата на конкурентни економии во светот
Македонија се најде на 73. место по конкурентност во годишниот извештај за конкурентноста на глобалната економија кој го објави Светскиот економски форум. За разлика од лани, Македонија годинава се искачила за седум позиции на скалата на конкурентни економии. Петта година по ред, Швајцарија е на врвот на листата на земји со најконкурентна економија. На второ место е Сингапур, трета е Финска. Германија е рангирана на четвртото место што е промена од две места во однос на минатата година. Потоа следат САД, Шведска, Хонг Конг, Холандија, Јапонија и Велика Британија. Од земјите во регионот, Словенија се наоѓа на 62. место, Црна Гора на 67, Македонија на 73, Хрватска е рангирана на 75, а Србија на 101 место на листата. Рангирањето е направено од вкупно 148 земји.
Слично

Поврзани вести