СЕЕМ: Медиумите да не ги лажат граѓаните, особено во изборниот период
Советот за етика во медиумите на Македонија на денешната прес-конференција посочи дека ќе ја следи работата на новинарите и ќе решава по преставки од граѓани. Потребно е фер и балансирано известување, односно самите новинари да се придружуваат до професионалните стандарди, наместо да бидат во служба на политичките партии.
„Медиумите не смеат да дозволат да бидат арена за натпревар во кој најмоќните ќе се изборат да доминираат со своите пораки, а новинарите ги потсетуваме да бидат искрени кон публиката, но и кон фактите, за да не влезат во стапицата на навивачко новинарство“, рече Марина Тунева, Извршна директорка на Советот за етика во медиумите.
СЕММ изрази очекување дека и јавниот радиодифузен сервис, како репрезент на јавноста и јавниот интерес и во согласност со препораките од Европската радиодифузна унија, ќе има важна улога за време на изборите и во предизборната кампања. „Очекуваме да се исполнат заложбите за придржување кон етичките и професионалните стандарди на МРТВ преточени и во неодамна усвоените Насоки за етичко и професионално известување за изборите“, нагласи директорката на Советот за етика.
За прашањето за надзорот врз медиумите Антоновски посочи дека најдобро е новинарите самите да се регулираат наместо да бидат регулирани, но тоа не би било можно доколку се продолжи со слугување на политичките моќници, се шири пропагандата и дополнително се руши новинарската професија.
„Ги повикуваме медиумите да се држат до својата главна обврска, да информираат, да не ги лажат граѓаните, да им дадат простор на сите учесници во политичката сцена и да се отвори дебата пред јавноста“, истакна Драган Антоновски, претседател на Управниот одбор на СЕММ.
Како што информираше претседателот на Комисијата за жалби при Советот, Мирче Адамчевски, Советот досега има добиено 130 жалби за нарушување на стандардите на професионално известување, а основите најчесто се отсуство на втора страна во информирањето, говор на омраза, дискриминација и мешање на факти со мислења и на вести со коментари.

Слично