Економија, финансии, бизнис

Контакт

Седумнаесет студенти од десет факултети на пракса во ОКТА

Седумнаесет студенти од десет факултети на пракса во ОКТА

17 нови студенти се дел од новиот циклус на програмата за практикантство во ОКТА.

Кандидатите кои се завршна година од студиите или магистранти се избрани од десет факултети кои се блиски и сродни со оперативните сектори и дејности на компанијата, Економскиот, Правниот, Електротехничкиот, Машинскиот, Технолошкиот, Природно-математичкиот (отсек хемија), Градежен, Факултет за безбедност, Филолошки факултет, како и од приватниот факултет Американ Колеџ.

okta studii 1

„Компанијата ОКТА е дел од меѓународна групација каде младите кадри може да се стекнат со значајно искуство и знаење. Оваа пракса им овозможува полесно да се справат со новите предизвици што им следат во понатамошниот кариерен развој. Паралелно со тоа, новите и свежи идеи, иновативност, и креативноста се основната причина зошто продолжуваме со програмата за практикантство во ОКТА и оваа година. Од претходните два циклуси на оваа успешна програма го продолжуваме ангажманот на четворица практиканти кои се истакнаа со своите вештини, знаење и подготвеност за работа“, изјави Јанис Геруланос, Главен извршен директор на ОКТА.

okta studii 3

Програмата за практикантство е дел од соработката на ОКТА со високообразовните институции во земјава која што се одвива во континуитет. Ангажманот на студентите е во траење од 3 месеци, период во кој ќе бидат целосно вклучени во работниот процес на ОКТА, со полно работно време. Компанијата обезбедува превоз и храна за практикантот за време на праксата, како и дополнителни финансиски средства. Нивниот ангажман во компанијата е под стручен менторски пристап од страна на менаџерите на одделите.

okta studii

Со оваа програма компанијата ја спроведува политиката за подмладување на својот кадар, а истовремено давање можност на младите, образовани студенти да се стекнат со значајно работно искуство во една мултинационална компанија и со тоа дополнително да се оспособат за самостојно градење на професионална кариера и успешно позиционирање на пазарот на трудот.

Слично

Поврзани вести