Седум железнички станици низ Македонија добија нов лик
Седум железнички станици низ цела Македонија се целосно реконструирани, а уште четири, се во завршна фаза.
Досега се опфатени со реновирањето железничките станици во Велес, Градско, Демир Капија, Табановце, Прилеп, Неготино-Вардар и Скопје.
Предвидено е уште четири железнички станици во Богомила, Чашка, Гевгелија и Битола да се реновираат.
Се реновираат билетарите, чекалните, санитарните јазли, покривите и фасадите. Водоводната и електричната инсталација се заменува со нова, а особено се внимава на условите за пристапност на лицата со попреченост.
За битолската железничка се чека мислење од комисијата за заштита на културното наследство, а во Гевгелија ќе се реконструира штом условите со бегалската криза се подобрат.
Средства за овој проект се обезбедени од европските ИПА фондови и Европската Комисија.
Со ова ликот на железничките станици се менува, а на проектот се работи последниве години.
