Економија, финансии, бизнис

Контакт

Седум обвинети за кражбата во Музејот на Македонија, Паско Кузман не е меѓу нив!

Седум обвинети за кражбата во Музејот на Македонија, Паско Кузман не е меѓу нив!
Против седум лица осомничени за исчезнувањето на артефактите од Музејот на Македонија е покренато обвинение, а меѓу нив е и актуелниот директор на музејот. Според соопштението на Кривичниот суд, обвинение е покренато против лицата со иницијали З.В.,С.К.С., Ј.С.,Ч.К., Ј.К., Д.К. и А.Е. Меѓу обвинетите не е поранешниот директор на Управата за културно наследство Паско Кузман, иако и тој беше меѓу осомничените за овој случај. Обвинителството осомничените ги гони за повеќе кривични дела - отуѓување на културно наследство од особено значење во државна сопственост, несовесно работење во службата како и злоупотреба на службената положба и овластување. Според проценките на полицијата, од музејското депо без трага исчезнале над 166 вредни артефакти, претежно златни предмети.
Слично

Поврзани вести