Седум милиони евра за нови учебници
Оваа година учебниците постари од пет години ќе се заменат со нови, а тоа ќе чини вкупно 7 милиони евра, најави денеска, премиерот Никола Груевски.
Нема да бидат заменети само учебниците по математика и природни науки за седмо, осмо и деветто одделение.
,,Оваа година ќе извршиме замена на старите со нови учебници. За таа цел ќе бидат испечатени нови учебници од прво до деветто одделение во основното образование и од прва до четврта година за средно образование. Во тој дел исклучок се само учебниците по математика и природни науки во седмо, осмо и деветто одделение кои согласно Акцискиот план за воведување на Кембриџ образовниот систем ќе бидат воведени во септември 2016 година” – рече премиерот.
Слично
