Економија, финансии, бизнис

Контакт

Седум лица заработија кривични пријави за учество во протестите

Седум лица заработија кривични пријави за учество во протестите

Денеска со кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје предаде седум лица на возраст од 21 до 44 години поради основано сомнение за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствије“  предвидено и казниво по  чл.384  од  КЗ на РМ.

Пријавените, кривичното дело ги извршиле на тој начин што на вчера на бул.„Крсте Мисирков“ на насилен и ненајавен протестен собир, учествувајќи во толпа со заедничко дејствување со уште други лица, повредија 20 полициски службеници и предизвикаа материјална штета која дополнително ќе се утврди.

Против дел од осомничените и претходно се поднесувани кривични и на некои од нив веќе им биле изрекувани затворски казни за „Тешка кражба“, „Разбојништво“, „Фалсификување исправа“, „Одземање МВ“ и други дела.

Во текот на денешниот ден, од страна на СВР Скопје уште шест лица дополнително се препознаени по службени видео-снимки или снимки од медиумите и во тек е нивно повикување во полициска станица. Освен нив, во Полициски станици се спроведени уште девет лица поради сомнение дека биле дел од толпата која во текот на вчерашните насилни протести го нарушуваше јавниот ред и мир. По целосно документирање на делата кои ги сториле, против нив ќе бидат поднесени соодветни прекршочни или кривични пријави, информираат од МВР.

Слично

Поврзани вести