СЕДУМ ГОДИНИ: Рѓосаниот брод сведок за најголемата бродска несреќа во Охрид
Во историјата на охридската пловидба пред седум години се запиша најголемата бродска трагедија во водите на Охридското езеро.
Точно пред седум години, половина час после 10 потона бродот „Илинден“ .
Беше сабота. Топло време и мирни води во Охридското езеро кога на 250 метри оддалеченост од бреговите кај автокампот „Елешец“ се преврте и потона бродот „Илинден“.
Животот го загубија 15 бугарски туристи од вкупно 57 кои се возеа од Охрид кон Манастирот Свети Наум.
Кормилото на бродот го управуваше тогаш 23-годишниот капетан Сотир Филески.
Тој се соочи со мерка притвор веднаш по несреќата, а на 5 јули 2011 беше осуден на една година затвор.
Висината на казната на Филески му ја олесни застапникот на бугарските државјани кои ја преживеаја несреќата. Тогаш беше образложено дека капетанот направил се што можел да спаси поголем број на патици жртвувајќи го сопствениот живот.
Потонатиот брод од мистериозните Охридски води беше извлечен на 19 септември, а и ден денес стои непоместен во близина на каналот Студенчишта и немо сведочи за трагедијата која потресе две земји соседи Македонија и Бугарија.
