Економија, финансии, бизнис

Контакт

Седницата пак одложена, извештајот на Катица неразгледан

Седницата пак одложена, извештајот на Катица неразгледан
Уште еднаш е одложена седницата на собраниската комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, на која требаше да се разгледа извештајот на Специјалното јавно обвинителство, за сработеното за 6 месеци. Претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев соопшти дека седницата е одложена заради недоаѓањето на Катица Јанева и претставниците на Специјалното јавно обвинителство. Ѓорчев додава дека заради нивното отсуство не се создадени законските услови за одржување на седницата. Тој е  информиран од собраниските служби дека Јанева и претставниците на СЈО се уредно поканети. Од истите причини седницата се одложи и вчера. Од СЈО велат дека според законот,  Јанева не е должна да го образложува извештајот.
Слично

Поврзани вести