Седницата одложена, два предлози на ДУИ спорни
Седницата на Собранието на која треба да се изберат новите министри и заменици министри од ДУИ, е одложена за еден час.
За премиерот Емил Димитриев спорни се две имиња од списокот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Се работи за Арлинд Зеќири и Беким Максути кои беа на листата кандидати за нови министри и заменици министри, но не и на предлогот на Димитриев, кој беше испратен денеска во Собранието. Се смета дека Максути е неприфатлив затоа што во 2012 година во униформа на АРМ се поклонил пред споменикот на УЧК во Слупчане.
Засега не се знае зошто е спорен и Зеќири, кој е предложен за министер за странски инвестиции без ресор.
Слично
